ЛЕЖАТ НА ПАРИ: Колку што ископале злато, уште толку имаат
Објавено во: Балкан 05 Октомври, 2017
По слободна проценка колку што е ископано злато од почетокот на 20-от век, уште толку има во Србија.
Источна Србија е богата со злато и бакар. Кај градот Бор има мало лежиште, но богато со руда која е 500 метри под земјата.
Но, уште многу пари треба да се вложат во истражувања и во економски оправдани проекти.
Според цената на златото на берзата во Лондон, во околината на Бор се крие богатство вредно 18 милијарди долари.
За да се отвори рудник ќе бидат потребни 5 милијарди долари.