11 Мај, 2024
0.0263

ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА: Кој ќе не снабдува со струја во 2019?

Објавено во: Економија 02 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

По неколкукратно одлагање, од оваа година почнува либерализацијата на пазарот за електрична енергија за домаќинствата и за малите компании. Ова значи дека тие ќе можат да изберат која компанија ќе ги снабдува со струја, а не како досега само ЕВН Македонија.

Односно секое домаќинство ќе може да бира од која компанија ќе купува струја за своите потреби, а ако не направи избор, тогаш струја ќе добива од универзалниот снабдувач. За таа цел се распиша тендер за избор на универзалниот снабдувач, а избраната компанија треба да се знае до крајот на месецов.

На тендерот за универзален санбдувач се јавија ЕВН која и до сега ги снабдуваше граѓаните со струја и македонскиот производител на електрична енергија ЕЛЕМ преку својата фирма ќерка ЕЛЕМ трејд. ЕВН Снабдување понуди почетна маржа од 14,4 отсто, додека ЕЛЕМ Трејд 14,9 отсто бруто маржа. Се очекува оваа цена во текот на аукцијата која допрва треба да се реализира да се намалува.

Првичните пресметки покажуваат дека на почетокот на либерализацијата на пазарот на домаќинствата нема да им се исплаќа да излезат на слободниот пазар на електрична енергија, зашто ќе треба да плаќаат повисока цена од регулираната. На малите компаниии, пак, кои сега плаќаат индустриска цена за потрошената електрична енергија ќе им биде поисплатливо да бидат на слободниот пазар, бидејќи тие сега имаат двојно повиски сметки и на некој начин субвенционираат да биде пониска центата на струјата за домаќинствата.

Сепак, во првите неколку години не се очекува скок на цената на струјата бидејќи неа ќе ја гарантира државното АД ЕЛЕМ. Во Законот за енергетика има заштитен механизам за малите потрошувачи и за домаќинствата поради тоа што АД ЕЛЕМ ќе биде обврзан во 2019 година да обезбедува најмалку 80 отсто од потребите на малите потрошувачи и домаќинствата, па 75 отсто во 2020 година и за секоја во наредните седум- осум години, кога овој процент ќе се намалува за пет отсто годишно. Односно преку производната цена на ЕЛЕМ ќе се обезбедува механизам за заштита на домаќинствата за да нема ценовни шокови. Во моментов производната цена на ЕЛЕМ е околу 39 евра за мегават час, а цената на киловат час електрична енергија во Македонија која ја плаќаат домаќинствата е номинално најниска во Европа и многу под пазарната, но и нашиот стандард е најнизок на Стариот континент.


Можеби ќе ве интересира

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?