Лидерите на ЕУ нема да прават „семејни“ фотосесии на самитите
Објавено во: Свет 11 Март, 2017
Европската Унија донела одлука за укинување на популарната „фемили“ групна слика која на секој самит ја прават лидерите на земјите членки, со цел да се добие нов визуелен имиџ и тоа почнувајќи од последниот самит.
Според анонимен европски дипломат, ваквата идеја ја дал претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со цел да не се губи непотребно многу време за групно фотографирање на учесниците на средбите, во услови кога тие често траат и до доцна во ноќта во обид да се усогласат ставовите.
Групната „фемили“ слика беше симбол на европското семејство, па сега ќе мора да се изнајде нов начин како тоа да се претстави пред јавноста.