Лидерите се собраа - Ќе има ли консензус за преговорите за името?
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2018
Лидерите од политичкиот врв на Република Македонија се собраа во Клубот на пратеници со цел да направат напори за усогласување на ставовите околу учеството во преговорите за изнаоѓање решение на разликите за името со Грција, како и за разгледување на рамката со предлози кои ја постави медијаторот Метју Нимиц при неговата средба со преговарачите Наумовски и Василакис во Њујорк.
На состанокот учествуваат претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
На координативен состанок на државниот и политичкиот врв на Македонија, Заев и Димитров треба да ги информираат останатите за предлозите за името на медијаторот, Метју Нимиц од последната рунда преговори.
Досега опозицијата се жалеше дека не може да изгради став бидејќи претставници на ВМРО-ДПМНЕ не биле воопшто информирани за тоа како се одвиваат преговорите со Грција.