Лидерска Заев - Мицкоски викендов
Објавено во: Македонија 06 Март, 2019
Премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски веројатно ќе имаат лидерска сфедба викендов.
На маса ќе бидат барањата на опозициската партија околу законот за јавно обвинителствo и актуелните политички случувања во земјава.
СДСМ се согласува со одржувањето лидерска средба со опозициската партија но како што велат нема да прифатат суштински измени.
Од ДУИ вчера рекоа дека се за лидерска средба, бидејќи Законот треба да ја добие поддршката од сите политички партии.
Oд ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека лидерска средба е потребна исто како и во 2015 година, кога се формираше СЈО.