20 Февруари, 2025
0.0321

Лидл го зајакнува македонскиот извоз со значителен раст во 2024 година

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

20 македонски компании со помош на Лидл Северна Македонија реализирале извоз во вредност од над 5 милиони евра.

Над 5 милиони евра е извозот што го реализирале македонски производители преку продажната мрежа на Лидл во 2024 година. Извозниот промет бележи пораст од 25 пати во однос на истиот период лани, а заедно со Лидл Северна Манедонија, 20 македонски компании реализирале извоз во 3 земји од регионот - Србија, Бугарија и Хрватска.

„Минатата година Лидл Северна Македонија оствари посериозен извоз на македонски производи во регионот и покрај тоа што не е сеуште оперативна компанија со маркети во државата. За прв пат, во Лидл Србија, Бугарија и Хрватска, организиравме неколку тематски недели посветени на традиционалните македонски производи и претставување на автентичноста на македонската кујна. Производите ги задоволуваат сите потребни стандарди за врвен квалитет и особено нè радува што се одлично прифатени од потрошувачите. Ова е доказ за одличната соработка и успешните партнерства кои Лидл ги гради со локалните производители и добавувачи. Со овој позитивен тренд за поддршка на македонските компании ќе продолжиме и оваа година, проширувајќи го извозот и во други земји.“, изјави Стефан Георгиев, директор за набавки на Лидл Северна Македонија.

Тој посочи дека почитувањето и имплементирањето на највисоки стандарди за безбедност и квалитет на храната, не се само услов за почеток на соработка со Лидл туку и потврда за конзистентниот врвен квалитет на сите производи и сигурноста на потрошувачите дека го добиваат најдоброто.

Во 2024 година прометот од извоз на овошје и зеленчук од македонско поднебје преку Лидл е над два милиони евра, а најголем е извозот на грозје, зелка, црвена пиперка, домати и сливи. Истите се од домашни производители кои поседуваат Global G.A.P. и GRASP меѓународно признати стандарди за земјоделско производство гарантирајќи дека производите се безбедни и одговорно одгледувани.

За Лидл е од исклучителна важност и синџирот на снабдување да ги исполнува највисоките критериуми за сигурност преку задолжително имплементирање на IFS меѓународен стандард за квалитет и безбедност на храна. На овој начин препознатливиот домашен ајвар, бело и црвено вино, јагнешко месо, охридски ѓеврек, кочански ориз, овчо сирење, козјо кисело млеко, малиџано, лутеница, пастрамајлија, слатко и многу други производи од сертифицирани производители остварија одличен извоз во соседните земји. По успешната оценка и прифаќање на производите целта е тие да бидат дел од редовната годишна испорака и асортиман на Лидл.

Сопствените брендови на Лидл се добро познати на потрошувачите во различни европски земји и се одлична можност преку која македонските производители, партнери на Лидл, може лесно да дојдат до нови пазари, а со тоа и да добијат поголеми можности за продажба на нивните производи.

Лидл, како дел од групата Schwarz со седиште во Некарзулм, Германија, е еден од водечките трговци со храна во Германија и Европа и моментално има свои продажни места во 31 земја. Предностите на неговиот бизнис модел се базирани на оптимален асортиман на производи со најдобар сооднос на квалитет и цена, посветеност на своите вработени и партнери, како и воведување на иновативни пристапи и начини на работење.

На почетокот на минатата година Лидл Северна Македонија започна со изградба на логистички центар во Куманово. Компанијата денес има повеќе од 200 вработени со намера тој број да расте во иднина.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

АПАСИЕВ: Да не сака некој колега-пратеник од ДПМНЕ да дојде да ми прави друштво, да делиме патни трошоци

АПАСИЕВ: Да не сака некој колега-пратеник од ДПМНЕ да дојде да ми прави друштво, да делиме патни трошоци

Жерновски: Од „Службен весник“ дознав дека повеќе не сум амбасадор

Жерновски: Од „Службен весник“ дознав дека повеќе не сум амбасадор

Бектеши: Сакаат да го тргнат албанскиот од декларациите на производите

Бектеши: Сакаат да го тргнат албанскиот од декларациите на производите

ВЛЕН: Синот на Буши вработен во М-НАВ, Алими таму има три роднини и снаа

ВЛЕН: Синот на Буши вработен во М-НАВ, Алими таму има три роднини и снаа

МЕЛАНИЈА ТРАМП ВЛЕЗЕ ВО БЕЛАТА КУЌА СО БИЗНИС ПЛАН: Би можела да заработи 400 милиони долари, па и повеќе

МЕЛАНИЈА ТРАМП ВЛЕЗЕ ВО БЕЛАТА КУЌА СО БИЗНИС ПЛАН: Би можела да заработи 400 милиони долари, па и повеќе

„ШТО ТОЛКУ СЕ РАСПИШАЛ НА ФБ ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР ГРУЕВСКИ, ГО ЗНАЕМЕ МИНАТОТО“ - Анета Пешева со реакција за честите коментари на некогашниот прв човек на Владата

„ШТО ТОЛКУ СЕ РАСПИШАЛ НА ФБ ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР ГРУЕВСКИ, ГО ЗНАЕМЕ МИНАТОТО“ - Анета Пешева со реакција за честите коментари на некогашниот прв човек на Владата

МЛАД СКОПЈАНЕЦ САКАЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО КРИВИЧЕН СУД СО НОЖЕВИ И САТАР - фатен е од судската полиција, ќе следи пријава

МЛАД СКОПЈАНЕЦ САКАЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО КРИВИЧЕН СУД СО НОЖЕВИ И САТАР - фатен е од судската полиција, ќе следи пријава

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПОЧИТ КОН ТРАДИЦИЈАТА, ИНКЛУЗИВНОСТ, ВЕРБА ВО СОПСТВЕНИТЕ СИЛИ... - Златна Буба Мара на популарноста го исполни аманетот

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПОЧИТ КОН ТРАДИЦИЈАТА, ИНКЛУЗИВНОСТ, ВЕРБА ВО СОПСТВЕНИТЕ СИЛИ... - Златна Буба Мара на популарноста го исполни аманетот

„НЕМА ПРИКРИВАЊЕ НА УГИНАТИ ЖИВОТНИ, СИТЕ ПОДАТОЦИ СЕ ТРАНСПАРЕНТНИ“: ЗОО Скопје соопшти детални податоци

„НЕМА ПРИКРИВАЊЕ НА УГИНАТИ ЖИВОТНИ, СИТЕ ПОДАТОЦИ СЕ ТРАНСПАРЕНТНИ“: ЗОО Скопје соопшти детални податоци