ЛИДЛ ПОДГОТВУВА ГОЛЕМ БУМ: Притисокот никогаш поголем
Објавено во: Економија 05 Мај, 2018
Германската група Шварц, сопственик на малопродажните синџири Лидл и Кауфланд планира во тековната година да оствари приходи поголеми од 100 милијарди евра.
Тие најавија и понатамошни вложувања за да го задржат трендот на раст од претходните години.
Групата во деловната година која заврши во февруари ги зголеми приходите за 7,4 отсто, на 96,9 милијарди евра, со удел на Лидл во тој износ од 74,6 милијарди евра.
Лидл има вкупно 10 460 продавници во Европа и САД, наведува Ројтерс.
Шварцовите вложувања лани достигнале седум милијарди евра, а сличен износ планираат и за оваа година, пренесува Пословни дневник.
Лидл оперативното делување во соседна Србија ќе го почне во текот на 2018, истовремено со отворање помеѓу 10 и 20 продавнци.
Планираат да отворат околу 300 до 350 нови продавници и да го зголемат асортиманот на производи од сегашните 1800 на 2500 , рекол директорот Клаус Гехрид според извешатјот на ФАЗ.
„Притисокот нешто да се менува не бил никоагш поголем“, рекол Гехрид за германски Франкфуртер алгемајне цајтунг.
Лидл и конкурентот Алди ги зголемуваат вложувањата во последно време во низа земји, посебно во Британија каде постепено ги зголемуваат пазарните удели на сметка на традиционални пазарни актери.
Лидл во средината на минатата година исто така ги отвори првите 100 продавници во САД, најавувајќи и до 50 отсо пониски цени во однос на конкуренцијата.