10 Мај, 2024
0.0272

Гулевска: Пандемијата ја зголеми свеста за здравата исхрана и здравите навики

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Поради пандемијата на коронавирусот, луѓето се свртени кон себеси и повеќе внимаваат на здравата исхрана и здравите навики за да имаат подобар имунитет.

За оваа цел  бараат помош од стручни лица. Нутриционистот Фани Гулевска вели дека ова е позитивна промена која настана поради ширењето на коронавирусот. Таа објаснува дека стравот придонесе луѓето да се менуваат.

Луѓето се јавуваат, прашуваат како да се хранат, како да си го подобрат имунитетот. Зголемена е свеста за здравата исхрана, посебно сега кога ни е ограничено движењето. Сега луѓето имаат време да размислат за себеси, да решат некои проблеми, затоа што претходно, сѐ беше важно освен здравјето. Ги советувам луѓето да имаат баланс, да внесуваат овошје, зеленчук, лесна храна. Да не внесуваат повеќе храна од она што можат да потрошат. Сега во лето ќе имаат поголем избор на овошје и зеленчук. Но, многу е важно да не бидат под стрес, затоа што дигестивниот систем не ја вари храната кога сме под стрес. Ова „чудо“ нѐ натера да сфатиме дека здравјето е на прво место. Многу фирми пропаднаа, но џабе се парите, ако го немаме здравјето“, вели Гулевска.

Од продавниците за здрава храна велат дека откако коронавирусот се појави во земјава, имале наплив на купувачи кои барале здрави намирници, но и создавале залихи. Купувале сѐ, од брашно, до суво овошје и различни типови здрави семиња.

Што се однесува до навиките, СЗО ги предупредува луѓето да се откажат од пушењето затоа што пушачите се поранливи кога се работи за инфекција со коронавирус, а откриено е дека некои рутински движења карактеристични за пушачите се изложени на поголем ризик од инфекција со коронавирус.

Досега, многу лекари ширум светот истакнаа дека пушачите се изложени на поголем ризик од развој на компликации предизвикани од коронавирус.

Во Македонија Ковид – 19 е дијагностициран кај повеќе од 5.300 луѓе, а бројот на починати е над 250.

Македонија се соочи со карантин, и вонредна состојба на територија на цела држава која неколку пати беше продолжувана.

Најпогодени од болеста се луѓето на возраст над 60 години, но имаше и млади жртви.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска