30 Април, 2024
0.1481

Листа на најдобри градови за живеење во 2015

Објавено во: Стил 21 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Мелбурн и понатаму е град во кој најдобро се живее според анализата на истражувачката служба на британскиот весник Економист, додека соседен Белград оваа година се наоѓа на 97 место  на листата градови во кои е најудобно да се живее, што драстичен пад во однос на 2012 година кога беше на 45 место.

Виена се наоѓа на второ место на листата најдобри градови за живот, а меѓу првите 10 се Ванкувер, Сиднеј, Хелсинки и Цирих, додека најдобро рангиран е кинескиот град Пекинг на 69 место.

Факторите кои влијаат на рангирањето на 10 градови се, помеѓу останатото, безбедноста, здравствената заштита. образованието, инфраструктурата и животната средина, а според објавените податоци квалитетот на живот ширум светот паднал за еден одсто. а стабилноста и безбедноста е полоша за 2,2 одсто после терористичките напади и судири во земјите како што се Сирија, Украина, Тунис и Либија.

Во текот на последните пет години квалитетот на живот паднал во 57 градови кои претходно се наоѓаа на листата места во кои е најдобро да се живее.

Според податоците кои ги објави Economist Inteligence Unit (EIU), местата во кој најдобро се живее се „градови со средна големина во богатите земји со релативно мала густина на населеност“ па големите градови како Лондон и Њујорк се лошо рангирани.

Последните пет градови на листата 140 најпогодни места за живот се Триполи, Лагос, Порт Морсби, Дака и Дамаск.