09 Мај, 2024
0.0468

Љупчо Димовски: Најголемата винарска визба во Македонија ќе го намали откупот, другите поголеми нема да работат и одат на продажба

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски на својот профил на Фејсбук објави дека за престојната сезона на откуп на грозје „најголемата винарска визба во Македонија драстично ќе го намали откупот, а другите поголеми или нема да го вршат или ќе бидат затворени“. Пратеникот додава дека една се продава, а друга нема пари.

„Според неофицијалните информации залихите на наливно вино се скоро исцрпени со договорените аранжмани и негово извезување. Затоа пак, има големо потфрлување во пласманот на флашираното вино, чии што залихи непланирано се големи.
Заради ковид кризата откажани им се договорените испораки и со овој проблем се соочени скоро сите поголеми македонски винарски визби.
Загрижува информацијата што неколку од поголемите винарски визби воопшто нема да вршат откуп. Една од најголемите визби не работи, друга исто така голема винарска визба е во фаза на продажба, трета не е во финансиска кондиција која со што неможе да се покрие откупот на грозје ...
Се очекува и најголемата винарска визба драстично да го намали откупот. Причина се залихите на флаширано вино, сопственото производство на грозје, воспоставените кооперантски релации со лозаропроизводители со кои долги години имаат склучено договорно производство“, објави Димовски во својот последен коментар.

Пратеникот заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште. Со тоа се товарат дека предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување