Љупчо Николовски ќе биде вицепремиер за борба против корупција
Објавено во: Македонија 19 Август, 2020
Љупчо Николовски во новиот владин состав ќе биде вицепремиер за борба против корупција.
Николовски ова го објави на Фејсбук.
„Ви благодарам што со ваша поддршка вртиме нов лист во развојот на нашата држава. Му благодарам за довербата на премиерот Зоран Заев. За тоа што ми дава голема одговорност со тоа што ме предлага на позицијата вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси. Ви давам збор дека откако ќе добијам чест да стапам на таа позиција по дискусијата во Собранието, ќе дадам сè од себе за да донесам максимални резултати со кои како граѓани ќе се гордеете. Мораме да одиме напред, не смееме да застануваме. Ќе се бориме заедно и ќе донесеме нови позитивни промени. Верувам во многу подобро утре“, наведува Николовски.
Старо нови имиња ќе бидат министри во новата Влада предводена од Зоран Заев.