Љупчо Николовски: Најранливите категории нема да плаќаат членарина
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2020
Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ, на денешниот дигитален конгрес рече дека со статутарните промени за кои денеска ќе се гласа, најранливите категории на граѓани нема да плаќаат членарина во владеачката партија.
- Најранливите категории на граѓани ќе бидат ослободени од плаќање на членарина, рече Николовски во своето обраќање најавувајќи ги статутарните измени во СДСМ.
Партијата ќе има од два до четири потпретседатели во иднина, а ќе има и свои организации во дијаспората со свои официјални делегати, најави генералниот секретар.