Лондон губи 100 000 работни места
Објавено во: Свет 28 Јуни, 2016
Лондон е исправен пред опасноста да изгуби 100 000 работни места, ако вработените во финансискиот сектор го прекинат бизнисот во Лондон и го преселат во други европски финансиски центри.
Големите банки размислуваат да преместат илјадници работни места во Франкфурт и Даблин. Morgan Stanley веќе почна со преместувањето на 2000 свои вработени, но извори блиски до банката открија дека има план за преместување на 1000 работни места надвор од Велика Британија. Од HSBC соопштија дека може да преселат 1.000 вработени, а Goldman Sachs рекоа дека ќе преселат дел од бизнисот во Франкфурт. Ако тоа се случи, тоа ќе биде огромен удар за Лондон, кој се опишува како „златна кокошка" на британската економија.
Претходно директорот на Лондонската берза, Ксавиер Роле предупреди дека референдумот може да доведе до губење на 100 000 работни места.