Луѓето не смеат да бидат купувани и продавани
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2017
„Сѐ поприсутно е „модерното ропство“ во различни категории. Во текстилната индустрија има огромен број на деца и луѓе кои се злоупотребувани во работниот однос и сакаме да ја кренеме свеста за тоа дека парчињата гардероба кои ги купуваме не смеат и не би требало да се произведени низ нехумани работни услови и кршење на човековите права. Луѓето не смеат да бидат купувани и продавани!“-вели Марија Илиќ за Женски Магазин.
Од вечерва, до среда, Скопје по 16 пат ќе ужива во настанот Моден викенд, кој повторно ќе се обиде да го доближи Скопје до светските модни трендови. Колекциите на дизајнерите на есенското издание ќе се прикажат во хотелот „Мериот“ во Скопје од денес до вторник, вечерва од 18 часот, а другите два дена од 19.