Луѓето со тешки повреди се пренесуваат во Ургентен центар
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2019
Неофицијално луѓето кои се превртеа со автобус кај селото Ласкарци, биле работници кои патувале на реалција Скопје - Гостивар.
Засега оваа информација не е потврдена од официјални лица. На местото на настанот има и роднини на луѓето кои биле во автобусот. Дел од луѓето со тешки повреди се пренесуваат во Ургентен центар во Скопје.
Неофицијално, во автобусот, кој ѝ припаѓа на компанијата „Дурмо турс“, патувале околу 50 лица.
Од МВР најавија повеќе информации за повредени или евентуални жртви за подоцна.