13 Мај, 2024
0.0243

Macedonia Manufacturing Expo - нова можност за извозни зделки во металната и електро индустрија

Објавено во: Економија 30 Август, 2018

Добивај вести на Viber

На втората конференција за домашни и странски компании од металната и електро индустрија, Macedonia Manufacturing Expo ќе учествуваат над 75 домашни и странски компании од овој сектор. Тоа ќе значи можност за нови контакти, директни средби и склучување нови зделки, за присутните компании, посебно македонските кои можностите за раст и развој ги гледаат на странските пазари.

Конференцијата Macedonia Manufacturing Expo која e во организација на Македонската асоцијација на метална и електро индустрија МАМЕИ (www.mamei.mk) ќе се одржи на 18 септември во Скопје и со годинешното издание го продолжува позитивниот тренд и добрите резултати постигнати на првата конференција одржана во 2016. Покрај тоа, оваа година најавено е присуство и на голем број компании членки на Германската асоцијација за набавка, логистика и менаџирање на добавувачки ланци (БМЕ) која е со 60годишната традиција, има над 9000 индивидуални и корпоративни членки од Европа и годишен капацитет за набавки од 1,25 трилиони евра.БME на својата официјална веб страница веќе ја најави конференцијата Macedonia Manufacturing Expo во Скопје како следен B2B настан за своите членки заинтересирани за соработка со македонски компании.

Придобивките од учеството на конференцијата за македонските компании од оваа индустрија се на повеќе нивоа. Покрај можноста македонските компании да се запознаат со нови потенцијални клиенти од други земји кои за таа цел се доведени во Македонија, учеството ќе значи и заштеда на средства и можност за изложување пред странски купувач во домашни услови. Со организирањето на конференцијата во Македонија и привлекувањето на странските компании да се претстават тука, македонските компании добиваат можност за директни средби и посета на фабриките. Многу од странските компании како и странските инвеститори кои учествуваа на конференцијата во 2016 година најдоа нови добавувачи за што сведочи и повторното учество на повеќето од нив, како на Сименс, Макита и други.

Металната и електро индустријата се повеќе станува една од најзначајните индустриски гранки во Македонија. Според податоците од Бизнис мрежата на Централен регистар, во овие дејности има 1264 стопански субјекти чие производство во огромен дел е наменето за извоз. Со извозот компаниите стануваат поконкурентни и усогласени со меѓународни стандарди и процедури, што за возврат резултира со поголем профит и можност на фирмите да се стремат кон максимално искористување на своите капацитети. 


Можеби ќе ве интересира

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот