13 Мај, 2024
0.0233

МАХИНАЦИИ ВО МНТ: Со чудни одлуки оштетен буџетот

Објавено во: Економија 30 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Инспектори од организиран криминал ја чешлаат работата на МНТ.

Минатата недела одземале документи од Правната служба од најголемиот национален театар МНТ поради сомнение дека во период од 2015 до 2017 се спроведени незаконски работи со кои е оштетен буџетот, јавија дел од медиумите.

Инспектори од Одделението за борба против организиран криминал постапувале врз основа на Министерството за култура, бидејќи како што пренесоа дел од медиумите, имало индиции дека директорот и поранешниот директор Дејан Пројковски ја злоупотребил положбата и преку сомнителна набавка и  ненаменско трошење на средства во износ од 150 илјади евра.

Наследникот на Пројковски исто така е под истрага, кој потпишал одлука за вработување и распоредување на друго работно место, а полицијата ги барала тие документи.

МВР во овој момент собира и анализира документи и во интерес на истрагата не даваат повеќе детали.

- По налог на Јавно обвинителство, од страна на Одделот за организиран криминал е постапувано во МНТ. Бидејќи станува збор за преткривична постапка во интерес на истрагата не може да се соопштат повеќе детали, велат од МВР .

Сомневањата се дека во периодот од 2015 до 2017 година во театарот се извршени злоупотреби од страна на претходното раководство предводено од директорот Дејан Пројковски. 

Можеби ќе ве интересира

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот