Мајка на жртва од Дизелдорф тврди дека медиумите кријат детали
Објавено во: Свет 10 Март, 2017
Клаудија Летиција, мајка на Доменик кој е жртва на нападот од Дизелдорф вели дека медиумите кријат детали за нападот од вчера.
Таа на социјалните мрежи објави фотографија од син ѝ кој со секира бил нападнат од зад грб и бил подложен на операција.
„Го удриле со секира во грб и глава. Операцијата траеше долго. Медиумите кријат и сакаат да заташкаат. Ова е многу лошо. Ве молам споделете го мојот статус“ - напишала таа.
Потоа таа напишала дека Доменик е свесен.
За нападот на железничка станица во Дизелдорф, полицијата уапси 36 годишен маж кој е по потекло од Косово и се претпоставува дека имал психичка болест.