Мајката со Кронова болест ќе биде оперирана: Реaгирал Филипче
Објавено во: Македонија 26 Август, 2020
Министерот Венко Филипче реагирал и мајката на двете дечиња со Кронова болест и рани на нозете ќе биде оперирана, објави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
„Само што им ја пратив веста, за неполни 10 минути го контактираа отец Оливер и мајката на двете дечиња ќе биде хоспитализирана и пратена на пластична хирургија! За да може пак да ги гушне и да биде со нив! Вака се работи, напиша Кузеска која го пофали кабинетот на министерот Филипче
Дваесет и осум годишната мајка на две деца од пет и две години, боледува од Кронова болест, не може да стане од кревет и има рана на левата нога, а е оставена да се мачи во домашни услови, затоа што немало доволно капацитет да биде примена на болничко лекување. Како што реагира отец Оливер Петровски од хуманитарната организација „Свети Спас“, тој и другите од организацијата и помагаат колку што можат, но за жената е неопходно да биде хоспитализирана и да добива професионална медицинска помош.