26 Април, 2024
0.0362

МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ СТИГНАА ДО ГРЦИЈА-СТАПКАТА НА СМРТНОСТ ОД 3 ДО 6 ОТСТО: Како се шират и дали делуваат вакцини

Објавено во: Свет 23 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Националната здравствена служба на Грција (ЕОДИ) соопшти дека го регистрирала првиот можен случај на мајмунска сипаница, а во тек се лабораториски анализи, чиј резултат треба да го потврди тоа.

Колку е опасна болеста?

Повеќето случаи се благи и исчезнуваат сами по себе во рок од две до четири недели. Сепак, тешки инфекции се забележани кај имунокомпромитирани лица и мали деца. според СЗО, стапката на смртност е од три до шест проценти. Стапката на смртност од сојот кој е регистриран во регионот на  Конго може да биде до 11 отсто, додека западноафриканската има многу помал процент, 0,1 отсто

Дали вакцината е ефикасна?

Според СЗО, досегашните податоци од Африка покажуваат дека вакцината против мајмунските сипаници може да биде и до 85 отсто ефикасна во спречувањето на инфекции од мајмунски сипаници. Сепак, вакцините против сипаници не се користат од 1980 година, кога беа искоренети, што значи дека голем дел од светската популација денес е невакцинирана.

Исто така, не постои специфичен лек за лекување на мајмунски сипаници, но лековите со активни состојки како што се цидофовир и бринцидофовир се покажаа како корисни.

Дали е можна нова пандемија?

Сè уште е малку веројатна нова пандемија поради повеќе причини. Без асимптоматски случаи и многу очигледни симптоми на болеста, пациентите обично се изолираат пред да можат да заразат други. Преносот меѓу луѓето, исто така, бара продолжен близок контакт, ограничувајќи го потенцијалното ширење меѓу заедниците. Друг фактор е тоа што мајмунските сипаници се ДНК вирус кој не мутира толку брзо како СОВИД-19.


Можеби ќе ве интересира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката