МАКЕДОНЦИТЕ НАВАЛИЈА КОН ГРЦИЈА, Еве колку се чека на граничниот премин Богородица
Објавено во: Македонија 25 Август, 2023
Македонските граѓани навалија кон Грција.
Состојбата на граничните премини утринава, од она што го покажуваат камерите од наша стана, вели дека нашите сограѓани веќе масовно заминуваат за соседна Грција.
Пред нас е продолжен викенд, што ќе биде повод, многумина да заминат на реалксирачки викенд, да го искористат топлото време деновиве.
Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, и додаваат дека поголеми чекања има на граничните премини Табановце и Богородица.
- Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и за излез од државата, времето на чекање е околу 40 минути, на ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата - пишува на нивната веб страна.