08 Мај, 2024
0.0775

Македонците се почесто одат на зимување на Копаоник и Златибор, а поретко во Банско

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани сезонава почесто одат на зимување во српските зимски туристички центри, а поретко во бугарските.

Од туристичките агенции велат дека голем број луѓе одат во сопствен аранжман, а оние кои резервираат аранжмани кај нив, ја бираат Србија пред Бугарија, затоа што северниот сосед имаше помалку рестрикции, додека источниот сосед често ги менува правилата за патување, и тоа ги одвраќа граѓаните. Во Србија, граѓаните најчесто одат на Копаоник и Златибор. За тоа дали политиката има влијание, мислењата се поделени.

„Изборот го прават врз основа на анти ковид мерките. Бугарија често ги менуваше правилата, и стресно е луѓето да чекаат до последен момент, за тоа дали ќе им треба или не негативен ПЦР тест. Србија имаше полабави мерки за патување цело време. Што се однесува до цените, тука некаде се и нема некоја драстична разлика. Политиката нема врска, затоа што тој што решил да оди на одмор не мисли на политика. Оние со подлабок џеб одат на зимување во Италија, а за разлика од претходно, за Австрија сега има многу мал интерес, затоа што и кај нив има рестрикции“, велат од скопска туристичка агенција.

Од агенцијата „Ариес“ од Битола објаснуваат дека поради пандемијата, и лошата економска состојба на граѓаните, има многу помал интерес за зимување од порано, но точно е дека оние кои одат на зимски одмор, и даваат предност на Србија.

„Цените се покачени и во Бугарија и во Србија. И ски картите чинат поскапо. Дел од хотелите во Копаоник имаат заземено политика за аранжмани од 7 ноќи. Граѓаните одат на Копаоник, Златибор и Стара Планина. Во Банско во Бугарија сезоната е слаба. И политиката како фактор предизвикува одредени чувства кај граѓаните“, додава Никола Митревски од „Ариес“.

Од други туристички агенции во внатрешноста велат дека граѓаните бираат дестинации според своите финансиски можности, и ги планираат зимските одмори, следејќи ги рестрикциите во соседството. Оние на кои Копаоник им е скап, го бираат Златибор, а има и такви кои чекаат кон крајот на месецот да се олабават рестрикциите во Бугарија и да заминат во Банско.

Кирил Лазаров, претседателот на Македонско – бугарската стопанска комора, неодамна изјави дека Македонците сѐ повеќе се определуваат да ги заменат бугарските со српските зимски туристички центри поради политичката блокада од Бугарија.

Со договорот за добрососедство потпишан со Бугарија требаше да се подобри и туристичката размена.

Според последните податоци за туризам кои ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС) во ноември лани во земјава имало 923 бугарски туристи, кои реализирале 1.655 ноќевања.

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ДИК: На претседателските најголема излезност во Пробиштип, а најмала во Боговиње

ДИК: На претседателските најголема излезност во Пробиштип, а најмала во Боговиње

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија и лично

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија и лично

ПОМИНА ВЕЛИГДЕН: Уште колку дена имаме фора за да ги изедеме вапцаните јајца?

ПОМИНА ВЕЛИГДЕН: Уште колку дена имаме фора за да ги изедеме вапцаните јајца?

ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Колку гласови се потребни за победа?

ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Колку гласови се потребни за победа?

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Mожaт да гласаат оние со лични документи чија важност завршила пред 9 месеци

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Mожaт да гласаат оние со лични документи чија важност завршила пред 9 месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре