Македонија денеска добива нови министри
Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2019
Денеска Македонија треба да добие нови министри во Владата, а на дневен ред од продолжението на собраниската седница е именувањето на новите министри: Трајан Димковски за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа, Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.
Законодавниот дом вчера ги разреши од функцијата министерите за финансии и за локална самоуправа, Драган Тевдовски и Сухејл Фазлиу и министерот без ресор задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика, а беа констатирани и оставките на министрите за земјоделство и за култура, Љупчо Николовски и Асаф Адеми, како и на министерот за животна средина Садула Дураку и министерот без ресор Зоран Шапуриќ.
Нема да се гласа за нов министер за финансии, бидејќи Државната комисија за спречување на корупцијата одлучи дека премиерот Зоран Заев не може официјално да ја извршува и таа функција. Заев на вчерашната седница рече дека неформално ќе раководи со овој ресор се додека не се најде замена за Тевдовски.
Опозицијата, според вчерашната расправа, смета дека се прават промени во несоодветни ресори, односно дека оние кои требало да бидат разрешени се вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, бидејќи тој не успеал да ги координира активностите за државата минатата година да добие датум за преговори со ЕУ и министерот за образование Арбр Адеми, додека Садула Дураки воопшто не требало да биде распределуван,