МАКЕДОНИЈА ГО ПРАЗНУВА ИЛИНДЕН: Денот на Крушевската Република и АСНОМ ќе бидат чевствувани во Крушево и на Пелинце
Објавено во: Македонија 02 Август, 2021
Македонија
денеска го празнува 2 Август – Илинден, Денот на Крушевската Република 1903, и вториот
Илинден, АСНОМ, кога во Прохор Пчински 1944 беа поставени темелите на македонската
државност.
Собраниската делегација, која ќе ја предводи претседателот на Парламентот, Талат Џафери ќе положи цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, на президиумот на АСНОМ и на Никола Карев. Илинден ќе се чевствува и пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце, а делегацијата ќе ја предводи премиерот Зоран Заев кој ќе има обраќање. Државните почести по повод Денот на Републиката во Крушево, во организација на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски започнуваат со панихида во храмот Св.Никола, во 10:20 часот, по што ќе следува полагање цвеќе на гробот на Никола Карев, празнична програма пред споменичниот комплекс Македониум и полагање цвеќе на споменикот на хероите на Слива.
Централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август – Денот на Републиката ќе започне во 18 часот на Мечкин Камен со поздрав на илинденската коњаница проследена со костимирана придружба, поздрав на Армијата на Република Северна Македонија и со полагање на цвеќе и венци на споменикот на Мечкин Камен.
Делегација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Крушево ево ќе биде предводена од потпретседателот на партијата Александар Николоски, додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потврди дека нема да присуствува на чествувањето на Илинден на Мечкин Камен. Најави дека традиционално 2 Август ќе го помине во населеното место Ташмаруништа, во близина на Струга.
ФОТО: Вангел Тануровски