Македонија на листата на „непријателски земји“ на Белорусија
Објавено во: Македонија 08 Април, 2022
По руската, и белоруската Влада одобри список на непријателски земји, на која се најде и Македонија.
Одсвен земјите на ЕУ, на листата се уште 12 земји – САД, Велика Британија, Австралија, Канада, Норвешка, Нов Зеланд, Албанија, Исланд, Северна Македонија, Лихтенштајн, Црна Гора и Швајцарија.
Одлуката стапува во сила на денот на официјалното објавување.
Листата се креира со цел „да се заштитат националните економски субјекти од задолжување со средства од нивните сметки на барање на резиденти на странски земји кои вршат непријателски дејствија против белоруски правни или физички лица“.
Белорусија не учествува во војната на Русија во Украина, но ја поддржува и е под низа санкции од западните земји