МАКЕДОНИЈА ОКОВАНА ВО МРАЗ-ТЕМПЕРАТУРИ ВО ДЕБЕЛ МИНУС: Ова е временската прогноза за цела недела
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2022
Студено понеделничко утро, а таков ќе биде цел ден. Ќе преовладува облачното време а температурите ќе бидат и преку ден во минус.
УХМР најави снег на планинските места додека ќе дува и ветер од северен правец.
-9 до 3 степени ќе се движи дневната температура.
Утре, вторник ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Температурите на утро според најавите на метеоролозите ќе се спушат на места и до -15 степени , додека дневните максимално ќе се искачат до 3 степени.
Минусот ќе се задржи скоро цела недела.