03 Мај, 2024
0.1534

Македонија се претвори во сурова гротеска, но уште знаеме да се смееме!

Објавено во: Стил 11 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Во ова време на безнадежност, во натрупаноста на безвредни површни турски серии и лажни сурати со уште полажни зборови во муцките- “ЛајТме” му доаѓа како чист воздух. Во популарната сатирична политичка емисија “ЛајТме”, во која покрај актерот и режисерот Бесфорт Идризи учествуваат познатиот битолски актер и стенд-ап комичар Марјан Ѓорѓиевски како и актерот Фисник Зекири, низ хумор и една поинаква диоптрија ни се прикажуваат настаните во Македонија. Денеска разговараме со Марјан Ѓорѓиевски. Колку денешните случувања се инспирација за сатирично изразување на еден стенд уп комичар? marijan-comedy-06Ја користиме сатирата  на некој начин како издувен вентил која на луѓето им е потребна за да се исчистат  набиената динамика на  безобразлуци  и дрски понижувања. Ние треба да бидеме окото кое постојано ги следи случувањата, нашата работа е без завиткувања, без ракавици, го создаваме Лајтме за  жестоко да ги исмееме сите фалинки на денешницата. Глумите во популарната сатирично политичка емисија “ЛајТме”, заедно со актерот и режисерот Бесфорт Идризи, ТВ шоу каде преку хумор и една поинаква диоптрија ни се прикажуваат настаните во Македонија. Која е целта на оваа емисија? Да удриме шамар на сите обиди на заслепување, да ги исмееме оние кои  секојдневно ни ја полнат главата  преку медиумите. Одговорноста е огромна да останеш со чист ум, не извалкан и чист, секогаш на страната на вистината на вистинската реалност а не на онаа испревртената која секојдневно ја голтаме, изговорена од политичарите. Лајтме ги разобличува маските и слоевите маски наталожени од лицемерие. Наша цел е да подбуцнеме, да испровоцираме, да отвориме прашања, да го  разбистриме малку заматениот видик ,  цел ни е да успееме да ги затриеме малку гурелавите очи кои не можат да видат малку подалеку од својот нос, да ги исчистиме слепите очи на празната идеолошка попара. Во ова време на безнадежност, во натрупаноста на безвредни површни затапени турски серии и лажни сурати со уште полажни зборови во муцките- лајтме му доаѓа како чист воздух.. му доаѓа како кислород. Која е реакцијата од оваа емисија, која оди на албанската ТВ Шења, на ЕРА ТВ и онлајн на интернет порталот Алмакос?  Реалноста стана толку конфузна, толку набиена, што човечкото срце веќе не може да ја издржи оваа сурова гротеска. Немаме излез, длабоко заглибавме во калта на дрскоста. Најголема сатисфакција ми е тоа што ми приоѓаат луѓе со зборовите- го кажувате тоа што и ние го мислиме, а го молчиме.  Се чувствувам одговорен во ова време да бидам  на страната на народот  и да  излезам од дупката на молкот. 2 (2) Дали само хумор и сатира ни останува во ова време на безнадежност? Колку хуморот е разбран и дали нешто се менува? Лудилото на денешниве настани стана толку апсурдно што не сум сигурен до крај дали ние како алатка за изразување ја користиме само сатирата, зашто самата реалност е толку испревртена што на моменти која била вистинска случка што се  случила само ако ја снимиш како таква документарна,  без да иронизираш, пародизираш или да бидеш циничен-  нема да знаеш дали на нашата реалност ќе треба да се смееш или да плачеш. Во здраво општество постои хуморот кој го одржува огнот на вербата за вистина и правда. Колку е разбран хуморот??? – хуморот го разбира само тој кој навистина реално и приземно гледа на работите, кој има чисто срце и бистри мисли, кој е доволно отворен  и не пати од никакви комплекси да се смее и на сопствена сметка, па макар колку и да има милиони евра на таа сметка. Ако на политичарите во основа целта им е да лажат и да создаваат илузорни верувања и гаење на надежи во главите на луѓето- тогаш нас основна задача ни е да пробаме да го задржиме, да го запазиме вистинскиот, чистиот човек со отворено срце и отворен ум.