Македонија во жолта фаза: Какви температури се очекуваат
Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2019
Од управата за хидрометеоролошки работи информираат дека денес, утре и задутре цела држава ќе биде зафатена од температури од жолта фаза. Затоа, министерството за здравство излезе со препораки за заштита на граѓаните.
Според метеоролозите денес не очекува многу сонце и повисоки температури.
УВ индексот ќе изнесува 9. Додека дневните температури на воздухот се очекува да се движат од 28 до 38 степени целзиусови. Најтопло се очекува да биде во југоистокот од земјава, но и во Демир Капија.
Од УХМР информираат дека од денес до сабота ќе преовладува стабилно и многу топло време со максимални температури кои на повеќе места ќе надминат 35 степени.
Од недела во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, а максималните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, да не се изложуваат директно на сонце, да носат светла облека, да се носи капа и очила за сонце, да се консумира лесна храна и повеќе течности, особено вода. Додека на хронично болните лица им се препорачува редовно да ја земат пропишаната терапија.