03 Мај, 2024
0.0287

Македонската заедница од Канада не се откажува од своите симбоили

Објавено во: Македонија 18 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Македонската заедница во Канада преку Светскиот македонски конгрес извести дека не ги прифаќаат обвинувањата на грчкото МНР за иредентизам со приказот на македонските симболи, ниту пак прифаќаат дека со истите ја прекршиле Времената спогодба.

- Македонската заедница во Канада е добро запознаeна со мобизилизацијата на грчкото МНР, кое преку Грчката дијаспора врши силен политички притисок врз Македонците и нивните дипломатски преставници во Канада, Соединетите Американски Држави и Австралија. Од денот кога канадската влада ја призна Македонија со нашето уставно име , притисоците, заканите, клеветите станаа релативно вообичаени случувања за нас, Македонците во Канада.

За нас, спорот е вештачки наметнат , и во главно, е плод на несогласувањето на Атина да го прифати нашето уставното име Македонија. По осамостојувањето во 1991 година, Македонија бараше признавање под уставното име во Обединетите Нации. Република Грција се спротивстави на меѓународното признавање на Македонија под уставното име по неколку основи: уставот , знамето, симболите и името Македонија. Со цел да го спречи признавањето на Македонија, Република Грција како земја членка на Европската Заедница, изврши притисок врз земјите членки преку Лисабонската декларација, која забрани било какви територијални претензии кон Република Грција, непријателска пропаганда или воопшто, користење на терминот Македонија од страна на Република Македонија. За мнозинството иселеници во Канада, спор околу името помеѓу Република Македонија и Атина не постои и не важи, ние сме Македонци, но живееме во слободна демократска земја која не’ призна со нашето уставно име Македонија и Македонци ќе си останеме за навека.

Атина нема право да се жали за прекршување на Времената спогодба од страна на Македонија. Атина е таа што ја прекрши Времената спогодба со блокирањето на членството на Македонија во НАТО, неправдата од Грција спрема Македонија после долга судска разврска се докажа и пред највисокиот суд за човекови права, Хашкиот суд. Македонската заедница во Канада или земете било која Македонска заедница на иселеници ширум светот организира неофицијални, невладини Илинденски собири со децении наназад. Илинденските собири се од забавен, славенички карактер,без политичка позадина. Како Македонци во туѓина, местото на собир е закитен со наши македонски обележја, знамиња, македонски фолклкор и слично. Поканети се почесни гости од македонската зедница, канадски гости и претставници на македонската дипломатија од Канада. На секого од нив им е даден почесен збор да ги поздрави присутните и им го честитаат светиот Илинденскиот празник. На нашите собири често пати сме имале канадски гости кои исто така, стоејки пред античката мапа на Македонија ги поздравиле присутните со почесен говот и го честитале празникот Илинден.

Грчкото МНР можеби треба да поднесе жалба и до Кандските власти? Се разбира тоа никогаш нема да се случи, причината е многу едноставна, во Канада за разлика од Грција постојат закони за човековите права и слобода на изразување, таквите жалби пред канадските власти би биле голем прекршок од Грчката страна против нашите права за слободно изразување како државјани на Канада. Мапата од Македонија за која станува збор во жалбата на грчкото МНР е само една верзија од илјадниците верзии на антички мапи од Македонија стари по сотици, илјадници години кои се слободно достапни насекаде ако го прелистате гугл, немаат забрана за гледање, печтење или изложување било каде во Канада или светот, освен во Грција и се разбира под закани во Македонија.

Тој дел од историјата е многу болна точка за Грција, но за среќа светот стана многу мал последните 20-30 години со помош на интернетот, и покрај забраната од Грција, светот може да ја прочита историјата и ја согледа вистината која Атина се труди толку вешто да ја скрие .

Илинденските собири се организирани од македонски друштва и волонтери од Македонската заедница во Канада, ние како канадски државјани имаме право да изложиме било каква мапа, знаме, обележје кое ние самите ќе го одбереме за сходно на нашите собири. Македонскиот генерален конзул во Торонто, Јовица Палашевски кој се товари за банална работа “ ги поздравил присутните Македонци и им го честитал големиот Македонски празник Илинден од бина на која во позадина биле закачени Античка карта на Македонија и македонското сонце од Кутлеш.

За овој настан, кој според Атина е иредентистички а за нас банален, одговорноста ја презамаме ние , Обединетата Македонската заедница во Канада, поплаките нека ги пратат на нашата адреса. Ако македонската држава подлегне на Грчките провокации и најде за сходно да го дисциплинира или побара одговорност од нашиот македонскиот генерален конзул во Торонто Јовица Палашевски за да добие поени во Грција, во тој случај македонската влада треба да биде спремна на целосна изолација и несоработка помеѓу сите идни диплoмати и Македонската Заедница во Канада. Затоа што нашите македонските симболи забранети во Македонија од Лисабонската декларација вечно ќе се веат и ќе бидат изложувани на сите македонски собири во Канада или било каде низ светот каде што живееат Македонци надвор од Македонија, стои во реакцијата на Светскиот Македонски Конгрес Канада - Македонска Нација Канадa.


Можеби ќе ве интересира

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април