07 Мај, 2024
0.0258

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ФАТЕН ВО СРБИЈА ВО ОБИД ДА ВНЕСЕ БАГАЖ НАТОПЕН СО КОКАИН: Го откриле цариниците на аеродромот во Белград

Објавено во: Македонија 20 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Педесет и едногодишен македонски државјанин со албанско потекло бил спречен да влезе во Србија на аеродромот „Никола Тесла“ и да шверцува облека која претходно била натопена во кокаин, соопшти денеска српската Царинска управа.

Во соработка со полициската форензика, царинските службеници откриле багаж натопен со кокаин кога овој патник од Еквадор слетал на аеродромот во Белград преку Амстердам.

Соопштено е дека патникот, откако го извадил багажот од подвижната лента, се упатил кон зелениот контролен премин наменет за патници кои немаат што да пријават, но не ја поминал рутинската контрола.

Багажот на споменатиот патник бил одвоен на скенер лоциран во зелениот контролен премин, а кога на апаратот се видела необичната боја на облеката спакувана во куфер, царинските службеници решиле да извршат детален преглед.

Кога патникот го отворил куферот, се почувствувал силен мирис на киселина, а целата облека во куферот била влажна и потешка од очекуваното.

Сомнежот кај цариниците го предизвикал и тоа што меѓу предметите немало средства за лична хигиена и обувки, иако мажот тврдел дека дошол од Еквадор, каде што бил кај пријател 13 дена.

При контролата на цариниците им рекол дека се работи за земја од каде доаѓа висока влажност, а исперените алиштане успеале да се исушат.

Поради сомнение дека гардеробата е натопена со некоја психоактивна супстанца, направен е прелиминарен тест за присуство на наркотици, кој реагирал позитивно, па за случајот веднаш била известена полицијата.

По заплената багажот е испратен на вештачење, а против 51-годишниот маж по редовна постапка ќе биде поднесена кривична пријава, се наведува во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата