28 Април, 2024
0.0273

Македонски иноватори: ИМПАЛА мери несвесни реакции на испитаници преку камера

Објавено во: Економија 17 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Еден поинаков пристап во маркетингот – новини кои инспирираат, кои прават земјотрес на целата индустрија, ама во позитивна смисла. За луѓето кои не се во тој бизнис-сегмент, ама и за сите вклучени во маркетингот – компанијата Стратум РиД буквално држи лекции за маркетинг истражувања и за иновациски менаџмент. Кога Весна Кузмановиќ зборува за нејзината компанија, тоа е скромно, ама амбициозно. Суштината е дека тие создаваат револуција во овој домен. Ова тврдење го докажаа и со платформата ИМПАЛА. Платформа базирана на неуромаркетинг односно платформа преку која се мерат несвесни реакции на испитаници преку камера од лап топ.

А почетокот на фирмата е од 2015 година. Кузмановиќ е доктор по иновации, па ја основала компанијата да биде надворешен РиД оддел на компаниите во регионот. Сакала да им понуди на домашните компании асистенција за развој на иновации, ама базирани на истражување на пазарот. 

„Желбата за поинаквото позиционирање на компанијата беше провоцирана од долгогодишното иксуство во областа на истражување каде интенцијата е да ги доставите податоците на клиентот на атрактивен и разбирлив начин но, сепак како да не навлезете во областа на сугерирање стратегија или акционен план. Тоа се некои непишани правила во индустријата, а мене тоа многу ме фрустрираше затоа што имав потреба наместо податоци да им дадеме на клиентите длабоко и осмислено сознание, и ќе сугерираме клучни насоки во развој на стратегија вели Кузмановиќ.


Идејата, за среќа, добро ја поддржале успешни македонски компании, тие кои разбираат оти им треба иновациска стратегија за комерцијализација.

„Иако бев свесна дека во Македонија генерално постои отпор кон промена, сепак се надевав дека побарувачката за нашите услуги ќе биде огромна затоа што ние го донесовме трендот од светот-да се иновира е неопходно и дека не постои друг начин за раст и развој. Но, многубројните политички проблеми негатино влијае и на еконмоското функционирање на државата и компаниите и тоа сето најболно се одрази на малите компании, потенцира Кузмановиќ.

Не постои успех кој трае. По 20 години колку е претприемач, научила дека тоа чувство е краткотрајно, а промени на расположенијата има и во текот на еден ден.  Кузмановиќ вели дека добар сигнал во последиот период се стимулациите од Владата за раст на домашниот бизнис. 

Новини, нови технологии, на тоа се базираат и очекувањата за растот на компанијата. ИМПАЛА е производ на таква амбиција. Преку ИМПАЛА се детектираат и се мерат реакциите на луѓето кои се изложени на стимулуси преку камера инсталирана на компјутер.


„Доколку нешто лесно добиете, тогаш сигурно нешто погрешно сте направиле. Тоа е моето видување на квалитетно спорведените промени на секое поле, и лично и професионално. Тоа го мислам и за развојот на СТРАТУМ, како и за платформата ИМПАЛА. Лесно ни одеа само разговорите, размените на идеи, правењето нацрти. Но развојот на алгоритмите, развојот на финалниот производ е исклучително физички и психички тежок и комплициран.  И тој процес не е сеуште завршен туку понекогаш имам чувство дека сме на почеток. А тоа е и вистина, има многу фази на развој како и многу работи кои треба да се апсолвираат, потенцира Кузмановиќ.


Во земјава, вели, не секогаш средината мотивира, а пристапот до финансии е клучен предизвик за компаниите кои сакаат да иновираат и да растат, наспроти ниската свест на тие кои наместо да планираат бараат брза заработка. Но, платформата доби поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој, што било позитивен имплус за развојот.

„Конкретно нас средствата од Фондот ни помагаат да ја развиеме платформата, но и да ја промовираме не само кај компаниите во Македонија и регионот туку и на глобално ниво. Помошта од Фондот не е само финансиска туку е сеопфатна во смисла на обезбедување контакти со професионалци кои можат да споделат искуство, знаење и конкретни совети за бизнисот и проектот. Овој пристап се надевам Фондот ќе го негува затоа што ова е вистинскиот начин да се стимулира развој. А познато е дека сега единствен начин да креирате развој е да иновирате. Има и една изрека: Бизнисот е како управување кајак спротивно од водотекот, или ќе вложувате огромни напори да одите напред или ќе ве повлече водотекот назад. Иновациите се неопходност, вели Кузамановиќ.

Нејзиниот дух и желбата за успех остава без зборови. Сигурна е дека ИМПАЛА ќе стане глобална платформа, а со тоа ќе обезбеди раст и на СТРАТУМ РиД и на целиот тим. Веќе имале понуди од инвестициски фондови. Стратум РиД влегле во швајцарски акцелератор на Светскиот иновациски форум како најинтригантен стартап. Во периодот додека работат на финализација на платформата како клучен столб за развој на компанијата, мора да ги продаваат и другите услуги, за да имаат пари да се одржат. Тимот постојано расте.

Кузмановиќ сака да направи револуција во иновациите и засега добро и оди.

„Периодот кога беше тешко и тоа исклучително тешко, ние го поминувавме во стимулативни разговори, читање на најновите научни достигнувања во психологија, економија, социологија и секако ИКТ и правевме нацрти на револуционерна алатка која ќе ја промени целата индустрија на истражување, маркетинг, комуникација, завршува Кузмановиќ.

Уште повеќе, таа навистина мисли дека со нивните дела може да се промени светот, за што повеќето би се согласиле оти е во право.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници