Македонски камионџија падна во раце на српското МВР: Што пренесувал во камионот?
Објавено во: Балкан 21 Декември, 2017
Полицијата на подрачјето Владичин Хан во Србија запленила 80 килограми марихуана и уапсила македонски државјанин , пишуваат српските медиуми.
Според српското министерство за внатрешни работи станува збор за 69 годишен камионџија со иницијали И.И.
Имено, полицијата кај Владичин Хан запрела камион со македоснки регистарски ознаки во чиј резервоар и други шуплини пронашла 131 пакет марихуана тешка околу 80 килограми.
Против осомничениот е поднесена кривична пријава поради неовластена трговија со опојни дроги.