04 Мај, 2024
0.0282

Македонски Полициски Синдикат стана дел од големото Cashback World семејство

Објавено во: Мои пари 26 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Македонскиот полициски синдикат е најновиот член на Cashback World, најголемата куповна заедница во светот која што брои 8 милиони членови. Полицискиот синдикат кој од своето основање егзистира и функционира како единствена репрезентативна синдикална организација на вработените во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Агенцијата за разузнавање и Управата на финансиска полиција ќе ги ужива сите предности на лојалната Cashback програма која вклучува целосно брендирана Cashback картичка.

„Работевме заедно со Cashback World на соработката од која бенефит ќе имаат повеќе од 7.500 наши членови. Таа соработка денес ја официјализираме со што сите членови на Македонски полициски синдикат (МПС) ќе имаат можност да станат дел од новата Cashback програма со која добиваат многубројните предности меѓу кои до 5% назад од износот на пазарењето кај 80.000 Cashback партнери во светот, од кои повеќе од 650 во Македонија со над 1400 локации низ земјава. Навистина сум среќен за оваа соработка која овозможува до 1% од сите купувања направени со МПС Cashback картичката директно да одат во солидарниот фонд на Македонски Полициски Синдикат, што значително ќе допринесе за зголемување на фондот на средства. Средствата од фондот се наменети за сите членови и се даваат како помош по основ на болничко лекување, помош по основ на трајно телесно оштетување, помош по основ на смрт, помош по основ на боледување, користење на позајмица и слично. Најголем дел од средствата кои што се даваат се неповратни. По завршувањето на секоја година ние даваме детален преглед за тоа каде се дадени средствата. Извештајот може да се погледне на нашата официјална интернет страница” - изјави претседателот на МПС, г-дин Ацо Антовски.

На официјализирањето на соработката присуствуваше и г-дин Радован Витошевиќ, Генерален Директор на Cashback World во Македонија. „Денес нашето семејство се зголемува. Во него влегува еден од најголемите синдикати во државата. Cashback семејството секојдневно се зголемува и ние со големо задоволство можеме да кажеме дека во Македонија имаме преку 200.000 корисници. Целосен преглед на ситетрговски партнери на Cashback World каде што сите членови на Cashback World може да купуваат и да уживаат во предностите може да се погледнат на https://www.lyoness.com/mk/search/partner, изјави тој.

Повеќе за Cashback World можете да дознаете на официјалната страница cashbackworld.com/mk.


Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото