26 Април, 2024
0.0262

Македонски Телеком поддржа патентиран метод за прочистување на воздухот

Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком поддржа идејно решение за намалување на аерозагадувањето, патентирано од професори на ФИНКИ и Земјоделскиот факултет во Скопје.

Станува збор за аеросолизација, ефикасен еколошки метод, со кој воздухот се прочистува преку распрснување ситни капки вода, кои ги прилепуваат PM10 честичките и другите загадувачи на површината на почвата. 

Уредите со кои се врши аеросолизација се нарекуваат турбоатомизери, истите кои се користат за наводнување на земјоделските површини.


Телеком се вклучи во реализација на решението со донација на два вакви уреди кои ќе се користат на различни локации, во координација со релевантните институции.

Со аеросолизација, за прочистување на воздухот се користи обична вода во комбинација со засладувачи. Така што освен што е едноставен, овој метод е и еколошки погоден за урбани средини, затоа што не се користат хемикалии.

Според досегашните мерења направени во општина Аеродроми Куманово, со аеросолизација загадувањето се намалува од 60-70% со траење од десетина часови. И покрај тоа што ефектот е краткотраен, со континуирано користење се придонесе во борбата со аерозагадувањето, што е сè поголема закана особено во големите градови.

Оваа донација е дел од иницијативата на Македонски Телеком „Telekom Goes Green“, со која се опфатени повеќе акции за заштита на животната средина, како што се: употреба на електрични велосипеди, електрични возила, групни еко акции на вработените, создавање на апликацијата за лоцирање на отпад CleanAppMK и други. 

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“