05 Мај, 2024
0.0244

Македонски Телеком со раст во првото полугодие и континуирана модернизација на мрежата

Објавено во: Мои пари 03 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком продолжува со успешното работење во сите сегменти и во првото полугодие на 2021 година. Приходите од продажбата се зголемени за 4,1 отсто во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 5.391 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 5,3 отсто, во споредба со истиот период претходната година.

Телеком е лидер во ТВ сегментот

Македонски Телеком е цврсто позициониран на лидерското место на пазарот на ТВ услуги со повеќе од 34 отсто удел во вкупниот ТВ пазар. На крајот од првото полугодие, базата на корисници е зголемена за 4,7 проценти во споредба со истиот период од претходната година и сега изнесува 144,5 илјади корисници. Согласно со ваквите трендови, пораст бележат и приходите од овој сегмент, коишто исто така се зголемени за 3,6 отсто во споредба со истиот период минатата година. 

На крајот на првите шест месеци од 2021 година, Македонски Телеком бележи раст и во интернет сегментот со зголемен број на корисници за 6 проценти и зголемен пристап до широкопојасен интернет за 5 проценти во споредба со истиот период од 2020 година. Бројот на интернет корисници сега изнесува изнесува 194,1 илјади, а уделот на пазарот е 49,5%.

И приходите од мобилните услуги во првото полугодие од 2021 година бележат зголемување од 3,3 отсто во споредба со истиот период лани, што се должи на зголемениот  број на постпејд корисници.

Модернизација на мрежната инфраструктура

Компаниската посветеност и инвестициите во оптичката мрежа резултираат со континуиран раст на бројот на оптички пристапи во земјата. На крајот од првите шест месеци од годинава, повеќе од 233 илјади корисници имаат пристап до оптика, што е за 12 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.

Со континуираното позитивно работење, компанијата ги обезбедува неопходните предуслови за понатамошен развој на мрежата и претставување нови технологии и иновативни услуги. Сето тоа на корисниците ќе им обезбеди врвни кориснички искуства, а на општеството ќе му обезбеди основа за континуирана дигитализација во секој сегмент.



Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ