26 Април, 2024
0.0275

Македонски Телеком со раст во сите сегменти во првите шест месеци од 2019

Објавено во: Мои пари 08 Август, 2019

Добивај вести на Viber

  • * Пораст на бројот на корисниците во секој сегмент на услуги: интернет, IPTV и мобилни услуги  
  • * Нето добивката во првите шест месеци е зголемена за 8,3 отсто

  • * Зголемување од 9,7 отсто на бројот на домаќинствата кои имаат оптички пристап

Продолжува позитивниот тренд во работењето на Македонски Телекоми во  првите шест месеци од 2019 година. Компанијата во првото полугодие оствари одлични резултати во своето работење: зголемена е профитабилноста, има пораст на бројот на корисниците на широкопојасен интернет, на IPTV и мобилни услуги, a расте и бројот на домаќинствата кои имаат пристап до оптичката мрежа на Телеком.

Приходите од продажба се зголемени за 2,5отсто и изнесуваат 5.143 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) на крајот од првите шест месеци од 2019 година е зголемена за 3,8 отсто во споредба со претходната година, додека нето добивката бележи раст од 8,3 отсто.

Пораст на корисниците на широкопојасниот интернет, на IPTV и мобилните услуги, се шири оптичката мрежа до повеќе домаќинства

На крајот од првите шест месециод 2019 годинаима зголемување на корисниците на широкопојасен интернет за 3,2 отсто, а вкупниот број изнесува 197 илјади корисници. Македонски Телеком во континуитет остварува одлични резултати и во IPTVсегментот. Продолжува трендот на пораст на IPTV корисници (вклучувајќи Magenta 1, Интернет&ТВ и други ТВ услуги) за 8,3 отсто, што на крајот од првите шест месеци од 2019 година резултира со база од 132 илјади корисници. Оптичката мрежа постојано се шири како резултат на посветеноста на компанијата да ја обезбеди најнапредната технологија достапна насекаде низ државата. Како резултат на континуираните инвестиции во инфраструктурата, Македонски Телеком овозможи зголемување од 9,7 отсто на домаќинствата покриени со оптика споредено со истиот период изминатата година. На крајот од првите шестмесеци од 2019 година, инвестициите придонесоа дури една третина од домаќинствата во Македонија да имаат пристап до оптичката мрежа на Македонски Телеком.

Зголемен уделот и на претплатниците во мобилната мрежа, пораст на приходите од мобилни неговорни услуги

Во првите шест месеци од 2019 година, бројот на претплатниците на мобилна телефонијана Македонски Телеком езголемен за 2,2 отсто во однос на истиот период од претходната годинаи изнесува 1,2 милиони корисници. Приходите од мобилни неговорни услуги на крајот од првите шест месеци од 2019 година се зголемени за 12,2 отсто во споредба со претходната година, кои доаѓаат од зголемените приходи од мобилен интернет и поголем GPRS сообраќај како резултат на сѐ поголемото користење на тарифи со мобилен интернет од страна на корисниците.

„И во второто тромесечје од 2019 година продолжуваме со остварување одлични резултати во сите сегменти од нашето работење. Континуирано ја зголемуваме нашата претплатничка база во мобилниот сегмент, а благодарение на квалитетот и атрактивната понуда на ТВ содржини успеавме да ја освоиме лидерската позиција и во овој сегмент на пазарот. Нашите капитални инвестиции во првите шест месеци од оваа година го достигнаа нивото над 767 милиони денари, главно насочени во развој на широкопојасни фиксни и мобилни мрежи од најновата генерација. Покрај тоа, Македонски Телеком посветено работи на развојот на високо софистицирани технолошки решенија за паметни градови, системска интеграција и cloud услуги. Веруваме дека трендот на  дигитализацијата на општеството во наредниот период ќе се засили и во тој процес Македонски Телеком е извонредно стратешки и технолошки позициониран да одговори на идните предизвици“, изјави Никола Љушев, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

Ефектите од работењето за првите шест месеци од 2019 година прикажани погоре, заради компаративна анализа со претходната година се дадени без влијанието на Меѓународниот стандард за финансиско известување 16 „Наеми“.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“