05 Мај, 2024
0.0241

Македонски Телеком со зголемена нето добивка за 136 отсто

Резултати од работењето на Македонски Телеком за првите шест месеци од 2017 година

Објавено во: Мои пари 03 Август, 2017

Добивај вести на Viber

-Водечка позиција на пазарот на фиксни говорни услуги со удел од 59,1 отсто
-Нето добивката е зголемена за 136 отсто и изнесува 611 милиони денари
-Пораст од 6,6 отсто во делот на IPTV и база од 112 илјади корисници

Македонски Телеком АД-Скопје има водечка позиција на пазарот во фиксни говорни услугиво првите шест месеци од 2017 година, покажуваат неревидираните финансиски извештаи согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

Приходите од продажба во првите шест месеци од 2017 година изнесуваат 4.967 милиони денари, што претставува намалување за 2,4 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Нето добивката за првите шест месеци од 2017 година е зголемена за 136 отсто во споредба со истиот период од претходната година, што резултира во нето добивка од 611 милиони денари.

На крајот од првите шест месеци,Македонски Телеком има 59,1 отсто пазарно учество во сегментот на фиксна телефонија и удел од 46,5 отсто во делот на широкопојасниот интернет, согласно интерните податоци. Иако приходите од говорните услуги во фиксната телефонија се намалени за 11,8 отсто споредено со истиот период од 2016 година, со бројката од 212 илјади корисници Македонски Телеком ја задржа водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги.

Приходите од малопродажен интернет и дигитална телевизија преку интернет протокол или IPTV на крајот од првите шест месеци од 2017 година се зголемени за 1,9 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Базата на DSL корисници бележи благо зголемување од 0,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 189,6 илјади претплатници на широкопојасен интернет.

Македонски Телеком во првите шест месеци од 2017 година оствари добри резултати со дигиталната телевизија, односно IPTV услугата. Бројот на корисници постојано се зголемува, што резултира со база од 112,4илјади корисници на IPTVна крајот од првите шест месеци или зголемување од 6,6 отсто во споредба со истиот период од 2016 година, со што Македонски Телеком има 26,9 отсто удел од вкупниот ТВ пазар, според интерните проценки.

На пазарот на мобилната телефонија, компанијата има удел од 48,6 отсто според интерните податоци. Приходите од говорни мобилни услуги на крајот од првите шест месеци од 2017 година се намалени за 3,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година, главно како резултат на намалените цени на националниот дојдовен мобилен сообраќај во терминација, комбинирано со зголемениот обем на сообраќај, како и на намалениот обем на меѓународен дојдовен сообраќај во терминација, компензирано со зголемувањето на приходите од пост-пејд. Приходите од неговорни услуги пак, се зголемија за 27,2 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен интернет и поголем податочен сообраќај, како и од зголеменото користење на податочни тарифни модели.

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ