03 Мај, 2024
0.0261

МАКРОН ОДГОВОРИ НА БАРАЊЕТО НА ЗЕЛЕНСКИ: Каква помош испраќа Франција во Украина?

Објавено во: Свет 31 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Франција најави испорака на оклопни возила и проектили за Украина. 

Франција се подготвува да ѝ испрати на Украина нови ракети земја-воздух Астер 30 кои можат да пресретнат воени авиони, беспилотни летала и крстаречки ракети на домет од 120 километри.

„Франција ќе испорача стотици стари оклопни возила и нови ракети земја-воздух“, изјави денеска францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни.

Во интервју за „La Tribune Dimanche“, тој додал дека францускиот претседател Емануел Макрон побарал од него да подготви нов пакет помош што ќе вклучува стара, но сепак функционална француска воена опрема по разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Ројтерс.

„Украинската армија мора да брани многу долга линија на фронтот за која се потребни оклопни возила. Ова е апсолутно клучно за мобилноста на војниците и е дел од барањата на Украина“, вели Лекорни.

Француската армија постепено ги заменува илјадниците свои оклопни воени возила кои беа во служба со француските вооружени сили од 1970-тите.

Макрон претходно ја спомена и идејата за испраќање на војници во Украина со цел да им се помогне на украинските вооружени сили во борбата против руската инвазија. Пред две години и еден месец, почна руската инвазија на Украина. 

Русија изминатата ноќ лансирала 16 проектили и 11 дронови кон Украина, при што загинало најмалку едно лице, соопшти украинското воздухопловство. Русија го гагаше и Лавов. 

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина