29 Април, 2024
0.0271

Мали даноци - големи неданочни и парафискални давачки

Објавено во: Финансии 10 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Повеќе од деценија, Македонија се „продаваше“ во светот како земја со ниски и рамни даноци. Оваа приказна ја „купија“ повеќе странски инвеститори кои денес се присутни во нашата држава. Од неодамна се воведе прогресивна стапка на оданочување кај данокот на личен доход (или персонален данок на доход како што се нарекуваше до скоро), со што се зголеми товарот на одредени категории даночни обврзници, но и со што заврши приказната за ниски и рамни даноци, особено во делот на она „рамни“.

Сепак, покрај воведувањето прогресија кај данокот на личен доход нашиот даночен систем и понатаму останува едноставен, со релативно низок данок на добивка, особено ниски даноци на имот и данок на додадена вредност. Ако се апстрахираме од останатите услови кои влијаат на одлуките за инвестирање, нашиот даночен систем сам по себе би требало да претставува доволен услов за привлекување домашни и странски инвестиции.

Меѓутоа, она што недостасува за комплетирање на целосната слика за давачките од аспект на бизнисот во нашиот систем е јасниот приказ и информираност за разните неданочни и парафискални давачки, кои произлегуваат од многу прописи. Ако ги земеме предвид овие давачки, ќе дојдеме до фактот дека ефективното оптоварување на економските субјекти е поголемо од кога би се анализирале само даночните давачки.

Давачките за издавање на одредени дозволи, концесии, лиценци, акредитации, полагање  стручни испити и слично се трошок за компаниите, но воедно истите претставуваат и сериозен административен товар и пречка за бизнисот, особено во услови на инертна и неефикасна администрација. Само во последнава деценија има воведено повеќе од 80 нови неданочни давачки.

Во вакви услови оправдани се реакциите на домашните и на странските инвеститори, кои укажуваат дека „скриените“ трошоци кои не можат лесно да се планираат предизвикуваат несигурност во носењето на нивните деловни одлуки.

Со цел создавање на транспарентен систем, како прв чекор неопходно е да се воспостави посебен Регистар на неданочните и парафискални давачки, кој ќе содржи елементи за идентификување и јасно истакнување на видот на давачките, понатаму законот или подзаконски акт со кој истите се воспоставени, обврзникот на плаќањето, основицата, стапката или износот на давачката и органот надлежен за наплата.

Во понатамошна фаза вториот чекор би се состоел од поедноставување и рационализација на системот на неданочните и парафискалните давачки. Потребно е да се утврди оправданоста и целисходноста од постоењето на конкретните давачки, особено на оние кои немаат фискален капацитет, односно не остваруваат значаен фискален приход, а претставуваат трошок, како за администрацијата која ги утврдува и наплатува, така и за обврзниците кои ги плаќаат. Тие треба да се укинат. Одредени слични давачки може да се интегрираат, а исто така неопходно е да се изедначи висината на давачките за исти или слични видови на административни или други услуги.

За реализација на претходното, потребно е ревидирање на системските закони и тарифниците кои произлегуваат од нив, во прв ред на Законот за комуналните такси,  кој ги уредува комуналните такси кои се плаќаат за користење на определени права, предмети и услуги од јавен интерес од локално значење од страна на правните и физичките лица кои вршат дејност и од граѓаните, како и на Законот за административните такси, кој ги уредува административните такси за списите и дејствата во управните работи кај органите на државната управа, органите на општината, органите на општините во Градот Скопје и органите на Градот Скопје. 

Но, покрај овие два закона, процесот треба да опфати и измени во многу други поединечни закони од кои исто така произлегуваат обврски и трошоци за бизнисот и граѓаните.

Значи, неопходно е создавање на предвидлив и едноставен систем на неданочни и парафискални давачки, со цел да се обезбеди чувство кај бизнисот и граѓаните дека добиваат дополнителни права, услуги и стоки од јавниот сектор за цената која ја плаќаат, односно чувство дека истите имаат придобивки кои се пропорционални со финансискиот товар од давачките кои ги плаќаат. За да се случи истото, неопходно е подготвеност од страна на надлежните органи и администрацијата, најнапред да разберат дека „скриените“ трошоци влијаат на бизнисот и на неговата конкурентност, а понатаму подготвеност да пристапи кон сериозни анализи и измени на постојниот систем.

Стопанската комора на Македонија со кадровскиот капацитет, анализите и информациите кои ги поседува и со кои располага, а кои се поврзани со конкретните прашања може да  придонесе во овој процес.

Анета Димовска, самостоен советник 
во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување