Марк Цукерберг бара корисниците на „Фејсбук“ да му предложат предизвик за 2015 година
Објавено во: Стил
01 Јануари, 2015 21:00
Добивај вести на Viber
Основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг ги повика корисниците на оваа друштвена мрежа да му помогнат во пронаоѓањето на нови идеи за предизвик кој би го спровел во текот на 2015 година.
„Секоја година прифаќам нов предизвик со цел да ги проширам видиците и да научам нешто ново за светот и мојата работа на Фејсбук“, напишал Цукерберг на својот „Фејсбук“ профил.
Тој ја поставил и листата со претходно исполнети предизвици каде еден од нив беше да научи мандарински јазик, секој ден да запознава ново лице кое не работи на „Фејсбук“, дневно да пишува барем по едно заблагодарување до некого за кого се смета дека светот го направил подобро место за живеење, да стане вегетаријанец или да јаде месо само од животни кои сам ќе ги убие, како и секојдневно да носи вратоврска.
„Неодамна некој ме праша кој ќе биде мојот предизвик наредната година, а јас одговорив дека овој пат сакам друг да даде идеја за тоа“, рекол младиот американски бизнисмен.
Неколку корисници на популарната друштвена мрежа веќе се огласија на неговиот повик, а еден од нив го прашал дали е подготвен да јаде стаорци кои претходно сам треба да ги убие.
Една корисничка предложила Марк секој месец да чита по една нова книга, а друга пак посакала тој да научи да свири некој инструмент.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: