07 Мај, 2024
0.0324

МАРШ НА ЦРВЕНИ ЧАРОДИ: Сексуалните работници бараат заштита од насилството

Објавено во: Стил 17 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Облечени со кратки здолништа и високи потпетици, со подвески и маски на лицето, сексуалните работнички маршираа против насилството на кое се изложени. На осмиот марш на „црвените чадори”, сексуалните работници побараа да се донесе закон со кој тие ќе бидат заштитени од насилството со кое се соочуваат.

Од граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници "СТАР-СТАР" велат дека дискриминацијата со која се соочуваат сексуалните работници не ги охрабрува да пријават во полиција случај на насилство.

Тие остануваат безгласни, а насилниците се и понатаму на слобода. Голем број клиенти, но и униформирани припадници бараат секс, но не плаќаат. Тоа е исто како силување. Но сексуалните работници кај нас ваквите случаи не ги пријавуваат, оти не постои закон за заштита, а немаат ниту доверба во полицијата. Затоа бараме надлежните да спроведат политики за безбедност на сексуалните работници и да се извршат внатрешни контроли кај униформираните лица како постапуваат со нив", рече Борче Божинов од граѓанската иницијатива

Под мотото „стигмата убива’’ маршот почна од улица Македонија, преку Плоштадот и Камениот мост, до плоштадот Филип Втори. Поддршка, преку марширање со црвени чадори, на сексуалните работници им дадоа повеќе невладини организации и активисти