Мартин Ангеловски: Ние угостителите бевме секогаш со вас, сега сме распнати зашто бараме помош
Објавено во: Економија 07 Јуни, 2020
Додека да почне оваа криза ние угостителите бевме тие кои секогаш се синоним за дружење, добро расположение, за помагање на луѓето, пишува во својата колумна Мартин Ангеловски, од Групацијата за угостителство.
„Бевме тука кога требаше да се засили чувството на среќа при семејни веселби или да се намали чувството на тага при семејни загуби нудејќи рака за поддршка, осмислувајќи го секој детаљ и при тоа ослободувајќи ги гостите од било какви обврски. Е ние, истите тие кои бевме пријатели и на знаени и на незнаени луѓе, кога моравме да ги затвориме локалите кои се синоним за дружба, опуштеност, не само што не наидовме на поддршка, туку се соочивме со осуда. Е тие луѓе што вам ви угодуваа сега се оставени без приходи, со неизвесност за утрешниот ден, но и за подалечната иднина. Нивните семејства исто така исплашени немаат каде да побараат помош, затоа што Владата носи мерки според своите потреби, без да ги праша угостителите што е тоа што им е потребно, што е тоа што може да ги задоволи двете страни, може ли да се најдеме на средина на патот кој не дели“, пишува Ангеловски.
Според него, сопствениците на угостителските објекти сега се распнати зошто бараат помош. „Но, дали да се помириме со ситуацијава и да кажеме дека нема решение или ќе продолжиме да се бориме за да најдеме решение? И дали сега не е време да седнеме, да се сослушаме, да пробаме да го промениме црно-белиот пристап и да го збогатиме погледот со целиот спектар на бои?“, пишува Ангеловски во колумна за Економист, Скопје.