Маж се заканувал со пиштол поради недоразбирање во сообраќајот
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2021
Поради недоразбирање во сообраќајот маж се заканувал со пиштол во Скопје.
Д.П.(25) од Скопје вчера во 21.09 часот пријавил во полиција дека на бул.„Борис Трајковски“ и бул.„Коцо Рацин“, додека се превезувал во автомобил „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.С.(25) од Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот едно лице кое управувало автомобил „форд фокус“ им се заканувало со пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.