14 Мај, 2024
0.0409

МБА со мерки и препораки за превенција и заштита од COVID-19

Објавено во: Мои пари 12 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Македонската банкарска асоцијација целосно ги поддржува заклучоците, мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за справување со заканата од вирусот COVID 19 (корона вирус).

На 03.03.2020 година Собранието на Македонската банкарска асоцијација одржа Седница на која се дискутираше за утврдување насоки за заштитаи превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). Согласно тоа,  се изготви заедничка листа на мерки и препораки за заштита и превенција од ширење на болеста во банкарскиот сектор кои се однесуваат на вработените во банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро и на сите нивни клиенти, со цел обезбедување нивна поголема заштита како и придонес за поголема заштита на колективното здравје.

Комуникацијата и координацијата помеѓу членките на МБА се одвива на перманентна дневна основа и се преземаат мерки и активности согласно развојот на состојбите.

Би сакале да упатиме апел до сите граѓани и правни лица – клиенти на банките, штедилниците, Клириншката куѓа и Македонското Кредитно биро да ги ограничат посетите на  експозитурите/ филијалите и другите деловни простории на нашите членки  и да избегнуваат директен и близок контакт и ракување со вработените, како и да се придржуваат целосно на сите препораки кои ги издаде Владата на Република Северна Македонија.

Сите наши членки продолжуваат посветено да работат на одржување на високо ниво на квалитет во испораката на банкарските и другите финансиски услуги за граѓаните и правните лица, при што до сите нив се апелира секогаш и секаде каде што тоа им го дозволуваат околностите да ги користат  алтернативните начини за добивање на банкарски услуги како што се електронското банкарство, мобилното банкарство итн. кои не бараат нивно физичко присуство во банките со што директно ќе се придонесе за спречување од ширење на болеста.

Го изразуваме нашето цврсто уверување дека како и многупати досега, како банкарски сектор и како општество ќе се справиме со сите предизвици кои стојат пред нас, без никаква потреба за било каква паника.


Можеби ќе ве интересира

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот