(ФОТО) Медиумите го чекаат Јакимовски пред ПС Кисела Вода
Објавено во: Македонија 08 Август, 2018
Фото: Фактор
Поранешниот градоначалник на Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, е на распит во полициската станица во Кисела Вода во населбата Пролет.
Се очекува Јакимовски да биде спороведен во судот, каде што треба да се одлучи дали ќе му следува притвор, по упадот на финансиската полиција во неговите домови и пронајдените наоди дека склучувал договори за тендери без банкарска гаранција.