Меѓу починатите и 48 годишен пациент, битката досега ја изгубија над 1.000
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2020
Вкупно 1.004 лица ја изгубија битката со Ковид во земјава од почетокот на епидемијата досега. Во моментот активни се и над 10.000 случаи односно точно 10.342 лица. Се пробиваат очекувањата, се полнат болниците.
Во последното деноноќие починале десет луѓе - четворица пациенти од Скопје кои имале 67, 58, 64 и 76 години. Двајца се од Прилеп - едниот 70 другиот 73 години. Еден пациент од Битола кој имал 52 години, еден од Охрид од 77 години, еден од Кочани кој имал 48 години и еден пациент од Пробиштип 76 години. Сите се починати во болнички услови.