14 Мај, 2024
0.1241

Меѓународната соработка за квалитетен и ефективен образовен систем

Објавено во: Мои пари 30 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Образованието како процес мора постојано да ги следи тредовите во економијата и да излегува во пресрет на барањата на реалниот сектор. Во моментов, тоа е регулирано со над 20 закони и на 30 подзаконски акти во смисла на правилници, стандарди. Ригидноста на формалниот државен систем од (не)оправдани причини, на краток рок, не излегува во престрет на потребите на бизнис заедницата, тоа поттикнува недостаток на работна сила, а недостатокот на работна сила е најголемиот ограничувачки фактор за раст на економијата. Причинско-последичен процес и се така во круг. Развиените економии имаат рецепт како да се задоволат тековните потреби и систем, како да се обезбеди квалитетот во испораката на образованието воопшто. Нашата држава може да ги преземе најдобрите практики од развиените економии и да ги адаптира во национален контекст, и со континуирано следење, добрата практика да прерасне во системско решение.

За да се создадат предуслови за поедноставување на ригидните и долготрајни законски процедури за да се излезе во пресрет на реалниот сектор, Стопанската комора на Македонија започнува соработка со Швајцарската федерација за образование на возрасни (SVEB) , која има повеќе од 60 годишно искуство, за подобрување на образовниот систем во делот на неформално образование. Швајцарската федерација за образование на возрасните се фокусира на неколку подрачја, помеѓу кои образовната политика, иновациите и развојната компонента на образованието, квалитетот, професионалноста и вмрежувањето. Високите поставени стандарди во работата се водич на оваа организација која има иновативен пристап при реализацијата на неформалното образование, посебно фокусирани на соработката со приватниот сектор и активности за подобрување на рамката по која се раководи неформалното образование и образованието на возрасните.

Соработка со оваа федерација, користејќи го нејзиното искуство, ке придонесе да се изнајдат начини за поедноставување на законската регулатива во насока на поголема флексибилност на образованието кон пазарно орјентирани квалификации и вештини, но не како еднократни и брзи решенија, туку како долгорочни и одржливи решенија од кои ќе имаат корист сите во државата . Можеби и ние го знаеме тоа, но само потребно е некој со искуство да не води низ целиот процес. Соработката посебно ќе се фокусира на поедноставување на постапката за верификација на посебните програми за неформално образование и акредитација на институциите кои нудат неформално образование за преквалификација, доквалификација на поединците за побаруваните занимања. Скратување на временскиот рок за верификација и акредитација, но сепак да се запази квалитетот во понудата на квалификации и зајакнување на инспекцискиот надзор.

Соработката бара учество и ангажирање на сите кои се вклучени во процесот на обезбедување на квалификувана и оспособена работна сила и носење на применливи решенија за да се оствари поголем ефект од резултатите на решенијата. Квалитетот на образовниот процес и понатаму треба да биде водечка цел, но времето на постигнување на целта и начинот на обезбедување квалификации треба да биде поедноставен. Квалитетот и професионалноста се цели кон кои треба да се стреми системот, во насока на подобрување на продуктивноста во економијата.

Можеби е време да го смениме мислењето дека преголемата регулација на процесите носи поголем квалитет. КВАЛИТЕТОТ ДОАЃА САМ ПО СЕБЕ, САМО АКО ГИ ПОЧИТУВАМЕ ПРОЦЕДУРИТЕ И ИСТИТЕ ВАЖАТ ЗА СИТЕ, БЕЗ ИСКЛУЧОК.

Наташа Јаневска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот