Мекалистер: Изненаден сум од спорот на Србија со Македонија
Објавено во: Балкан 25 Август, 2017
Известувачот на ЕП за Србија Дејвид Мекалистер изјавил за Н1 дека македонско-српските односи биле тема на состанокот со српските претставници вчера во Белград и ги повикал двете страни да продолжат со политиката на добрососедни односи.
„Мојот впечаток е дека имало тензии но дека тие се разјаснети. Премиерите и министрите за надворешни работи разговарале и сега треба да гледаме во иднината“, рекол Мекалистер.
Тој ги повикал двете страни да продолжат со политиката на добрососедни односи и регионална соработка а наведува и дека бил изненаден од спорот.
„Очигледно е дека Србија била разочарана од одредени акции кои Македонија ги преземала против српските дипломати. Мислам дека сега ја разјаснија ситуацијата, дека двете страни го променија мислењето за тоа прашање и се надевам дека нема да видиме повторување на слични чекори или дека нешто како ова нема да се повтори“, рекол Мекалистер.