26 Април, 2024
0.6541

Мексикански рудари заробени по поплавата, нуркачи ќе се обидат да ги спасат

Објавено во: Свет 07 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Мексиканскиот претседател зборуваше за „решавачкиот ден“ во операцијата за спасување на рударите кои три дена се под земја по колапсот и поплавата во рудникот за јаглен на североистокот на земјата.

„Денес е клучен ден, бидејќи техничките експерти велат дека денеска ќе знаеме дали нуркачите ќе можат да влезат во рудникот без да се изложат на опасност“, напиша Андрес Мануел Лопез Обрадор на Твитер.

„Продолжуваме да работиме дење и ноќе“, додаде тој. „Поплавата е најголемиот проблем, иако имаме доволно луѓе да ја испумпаме водата“.

Семејствата и новинарите сè уште се држат подалеку од местото на спасувачката операција во Агуџита, во општината Сабинас, во сојузната држава Коахуила.

Петмината рудари кои беа извлечени во средата беа сослушани на суд. 

„Се чини дека тие беа исфрлени (од рудникот) од порој вода“, рече главниот обвинител на Коахуила.

„Побаравме низа информации од сопственикот и од концесионерот“, додаде тој пред новинарите, без да именува имиња.

Поплавени се три шахти во должина од 34 метри, додаваат од цивилната заштита, кои наведуваат дека нивото на водата по испумпувањето се намалило за четири метри.

Во спасувачката акција учествуваат 383 лица, извести Владата.

Несреќата се случила во средата околу 13 часот и 30 минути кога рударите дупчеле и наишле на џеб полн со вода кој се урнал и предизвикал поплава.

Тоа е многу опасен неофицијален рудник, велат експертите.

Се наоѓа на 1.130 километри северно од главниот град на Мексико, во државата Коахуила, која целосно ги задоволува националните потреби за јаглен.

Рударските несреќи во Коахуила не се невообичаени. Во јуни 2021 година, седум рудари загинаа по подземен колапс во општина Музкизу.

Засекогаш ќе остане запаметен 19 февруари 2006 година, кога 65 рудари ги загубија животите во експлозија на гас во Pasta de Conchos, рудник контролиран од конгломератот Grupo Mexico.

Денеска на дното на рудникот лежат коските на 63 од 65 загинати рудари.

Во октомври 2020 година, во Чиле, 33 рудари беа спасени од рудник за бакар длабок речиси 700 метри во пустината Атаками, откако поминаа 69 дена под земја поради колапс. 

Можеби ќе ве интересира

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?