Меланија и кралицата Ранија ги засенија разговорите за борба со ИСИС
Објавено во: Свет 06 Април, 2017
Меланија Трамп и Јорданската кралица Ранија го привлекоа речиси целото внимание по средбата на нивните сопрузи, американскиот претседател Доналд Трамп и владетелот на Јордан кралот Абдула.
Двете дами важат за едни од најпрецизните, најелегантните и најблескавите во светот на политиката, со тоа што кралицата Ранија има многу поголемо искуство на политичката сцена. Таа имаше многу емотивни настапи против џихадистите на ИСИС кои крваво ликвидираа јордански воен пилот. Меланија засега не се вклучува премногу во медиумите, туку од позадина му пружа поддршка на Трамп.
Средбата на Трамп и Абдула Втори се одржа во Белата куќа, а главната тема беше борбата со тероризмот на Блискиот исток и потврдата на меѓусебното сојузништво.